Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува сите политички партии здружено да застанат зад кандидатурата на доктор Влатко Грозданов за градоначалник на Кочани.
– „Јас очекувам сите политички партии здружено ќе го поддржат доктор Влатко Грозданов и очекувам сите да застанат позади неговата кандидатура и ценам, како човек, како лик кој што е од градот, докторот заедно со сите политички парти може да направи многу за Кочани после онаа ужасна трагедија која што ни се случи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на поддршката на натпартискиот кандидат.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да поддржи заедничка кандидатура без да инсистира на ексклузивитет.
– „Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени, сите оние кои што сакаат да ја поддржат, заеднички да застанеме зад натпартиска личност, немаме, нити па пледираме да ние бидеме тие кои што го имаме ексклузивното на оваа натпартиска кандидатура. Ги повикувам сите политички партии да застанат позади кандидатурата и заедно да го избереме за доброто на Кочани и за доброто на регионот“, рече Мицкоски.