Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија направила значителен напредок на патот кон Европската унија. Истовремено нагласи дека многу од тие чекори биле на штета на македонскиот идентитет. Мицкоски зборуваше за фрустрацијата која ја чувствуваат граѓаните поради ниските резултати од постигнатото. Спомена дека Македонија се наоѓа во ситуација слична на таа од пред 20 години, кога се споредува со земјите-членки на ЕУ.
„Се наоѓаме во истата позиција како и пред 20 години. Направивме многу, но мораме да бидеме оптимисти и да се бориме за иднината“, изјави Мицкоски. Тој истакна дека владата ќе се бори за европската иднина на Македонија, но не е подготвена на компромиси кои би ги ставиле под знак прашалник македонскиот идентитет.
Мицкоски нагласи дека најголемиот проблем со процесот на интеграција е „билатерализацијата“ на преговорите, а не европеизацијата. Според него, Македонија заслужува да биде дел од европското семејство. Сепак според премиерот, државата се соочува со проблеми кои ја влошуваат преговарачката позиција.
(ВИДЕО) Мицкоски по средбата со Орбан: Унгарија е поддржувач на македонската европска иднина
Мицкоски додаде дека е важно да се почитуваат сите договори и обврски, од сите страни. Земјата треба да се фокусира на реформи, кои ќе и помогнат да напредува на патот кон ЕУ.
„Само така може да се создаде вистинско пријателство и партнерство“, рече Мицкоски.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така го изрази своето разочарување за текот на преговорите на Македонија со ЕУ, истакнувајќи дека процесот станал билатерален и дека тоа е срамно.
„ЕУ не ја поддржува Македонија на начин на кој што треба. Ние како земја членка ќе продолжиме да соработуваме со Македонија, но ова не е замена за интеграцијата,“ рече Орбан.
Орбан се надева дека процесот за Македонија ќе биде откочен, со голема поддршка од Унгарија, и дека државата ќе започне преговори на основа на вистинските Копенхашки критериуми.