Мицкоски на саботен состанок за реформска агенда
Премиерот Христијан Мицкоски на саботен состанок ја потенцираше посветеноста на реформската агенда, истакнувајќи дека борбата за исполнување на критериумите за Европската Унија продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор.
„Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува“, изјави Мицкоски.
