Со целосната реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат село Корешница – село Челевец во Општина Демир Капија, успешно е завршена изградбата на современ, безбеден и функционален патен правец во должина од 1.180 метри и површина од 4.130 м², пишува на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.

Со проектот, како што вели,  е обезбедена квалитетна и трајна патна инфраструктура која значително го подобрува секојдневното движење и поврзаноста меѓу населените места.

-Реконструираниот пат овозможува побезбеден сообраќај, пократко време на патување и подобрен пристап за жителите, како и услови за економски и социјален развој на регионот. Со оваа инвестиција се надминува долгогодишниот инфраструктурен проблем и се создава уреден и сигурен патен правец за сите учесници во сообраќајот, појаснува премиерот Мицкоски.

Проектот е реализиран со инвестиција од 10.410.361 денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, и претставува уште еден конкретен пример за вложување во трајни инфраструктурни решенија.