Македонија и Унгарија ги зајакнуваат билатералните односи. Втор ден од посетата на македонска владина делегација во Будимпешта.

Средба Мицкоски – Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта, во рамки на унгарско-македонскиот владин самит, ќе оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Согласно агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Орбан. Ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

Македонија и Унгарија ги зајакнуваат билатералните односи
Македонија и Унгарија ги зајакнуваат билатералните односи

Муцнуски и Сијарто со прес-конференција

По завршувањето на меѓувладината седница, заедничка прес-конференција ќе одржат двата премиери. Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија, Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ, и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

(ВО ЖИВО) Муцунски и Сијарто со заедничка прес-конференција во Будимпешта: Потпишан акциски план меѓу Македонија и Унгарија

Во однос на евроинтеграциите, Муцунски оцени дека земјата се наоѓа на клучен крстопат бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние се уште сме во чекалната на ЕУ. Двајцата министри се осврнаа и на конфликтот во Украина и обидите за негово решавање од новата администрација на САД. Сијарто нагласи дека двете земји се за мир во Украина, што го покажале со поддршката на резолуцијата на САД во ОН.