Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, на која во фокусот биле унапредувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.
Мицкоски информираше за средбата преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека отворениот дијалог, меѓусебното почитување и засилената регионална соработка се важни предуслови за напредокот на регионот.
Премиерот изрази уверување дека со продлабочување на соработката може да се придонесе за поголема стабилност, економски развој и забрзана европска интеграција на регионот.
Средбата е во насока на одржување и унапредување на односите меѓу Македонија и Косово, како и јакнење на регионалната соработка и европската перспектива на Западен Балкан.
