Денес пред вас стојам со предлог за избор на двајца заменици министри, решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем кој работи во интерес на граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Собранието.

„Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе кои имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе кои ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани.

Пред вас денес се два предлога кои се дел од таа визија.

Законот за правична застапеност наскоро пред пратениците – прв критериум ќе биде стручноста и компетентноста, истакна Мицкоски

Предлагам за заменик-министер во Министерството за одбрана да биде избран Адмир Шабани.

Министерството за одбрана е столб на националната безбедност и на нашата меѓународна позиција како држава членка на НАТО. Во време на сериозни безбедносни предизвици, во време кога светот се соочува со нови ризици и нестабилности, нашата држава мора да има институции кои се силни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик.

Нашата Армија е гордост на државата. Таа е симбол на стабилноста, на професионализмот и на нашата евроатлантска определба. Затоа е важно во Министерството за одбрана да работат луѓе кои ќе придонесат за понатамошна модернизација на одбранбениот систем, за зајакнување на институционалниот капацитет и за продлабочување на соработката со нашите сојузници.

Убеден сум дека Адмир Шабани ќе даде значаен придонес во таа мисија“, додава Мицкоски.

„Истовремено, предлагам за заменик-министер во Министерството за образование и наука да биде избран Дритон Сулејмани.