Премиерот Христијан Мицкоски утре, 21 август, ќе оствари работна посета на Општина Прилеп. Посетата е предвидена да започне во 11 часот.

Увид во реконструкција на водоводната мрежа

Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“.

Изградба на кружен тек кај мостот „Табана“

Мицкоски ќе ја посети и локацијата каде што се реализира изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“ во Општина Прилеп.

По посетата на локациите, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите.