Вечерва во 20:15 часот на Македонската радио-телевизија (МРТ) премиерот Христијан Мицкоски ќе го презентира отчетот за двете години работа на Владата, под мотото „Нова енергија за ново забрзување!“.
Во промотивниот материјал објавен на социјалните мрежи, Мицкоски најавува директен разговор со граѓаните во кој ќе ги претстави клучните резултати, реформите и идните планови на извршната власт.
Ова гостување доаѓа во момент кога Владата завршува две години од мандатот, период во кој Мицкоски и кабинетот фокусираа на инфраструктурни проекти, економски реформи, енергетска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Се очекува премиерот да даде детален преглед на реализираните проекти, да одговори на критиките и да најави нови иницијативи за следниот период.
Гостувањето на МРТ е дел од традицијата на директна комуникација на премиерот со јавноста преку националниот сервис, а граѓаните ќе имаат можност да ги следат одговорите на прашања во реално време.
Интервјуто е на МРТ1 во 20:15.
