Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО.
На средбата беа разгледани можностите за дополнително зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети насочени кон унапредување на регионалната и глобалната стабилност.
Премиерот Мицкоски ја истакна важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани.
Тој воедно изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од страна на Соединетите Американски Држави, потврдувајќи ја посветеноста на државата кон вредностите и обврските што произлегуваат од членството во НАТО.
