„Чебрен и Галиште“, тоа е проект кој што со децении го зборуваме, бараме партнер и т.н, сега мислам дека е вистинско време кога државата треба да направи похрабар чекор и таа да биде инвеститор на овој проект. Ценам дека имаме финансиски институции кои што сакаат да го финансираат овој проект, една од нив е и DFC, американската, која што има финансико портфолио од над 220 милијарди долари во овој момент, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Разговаравме со Карлајн Викт која што е одговорна во рамките на DFC за развојни проекти. Тие веќе се присутни преку развоен грант „Крстов дол“, односно рудникот за Антимон, со 5 милиони долалри. Очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Спрема нашите пресметки и физибилити студиите кои што се апдејтирани. Внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена, нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе Влади, тоа не е проект што една Влада ќе го започне и ќе го заврши, појасни Мицкоски

Тој додаде дека со реализацијата на овој проект Македонија ќе има неколкукратен ефект.

„Со реализирањето на овој проект имаме мултислоен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија, понатаму, имајќи го предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини на вода, кои што сега ги немаме, кои што можат да се користат за повеќе намени, меѓудругото и за наводнување на тиквешко поле, односно обезбедување на дополнителни количини на вода за наводнување на поседите, на фармерите кои што произведуваат производи“.

Тоа е проект кој што ќе биде значаен, не само за иднината на Македонија туку и за регионот во целост, заклучи Мицкоски.