Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавите на Љупчо Коцевски, кој тврдеше дека неговото разрешување е политички мотивирано.

– Тоа што го кажува е очекувано. Јавноста веќе гледа аргументи, сведочи за неговата работа, за работата на обвинителството и судовите. За жал, и тој е заробеник меѓу малкумината во обвинителството. Имаше можност, имаше шанса, но не ги искористи, истакна Мицкоски.