Денес, на 22 март, се одбележува христијанскиот празник Младенци. Tрадиционално го слават младите брачни парови. Во обичај е првата година од бракот да биде прославена со молитва. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.
Меѓутоа, во ова време на жалост, традиционалната прослава треба да биде избегната. Mладите се повикуваат да го одбележат празникот со молитва.
Владата презеде итни мерки: Два објекти затворени поради непочитување на деновите на жалост
Празникот се совпаднува со споменот на Светите Четириесет Севастиски маченици, кои маченички загинале за христијанската вера во 320 година. Војниците од Севастија не попуштиле под притисокот да се поклонат на римските идоли, и покрај жестоките страдања, храбро ја одбрале верата во Исуса Христа.
Денешниот ден не е само ден за младите, туку и за сите верници кои се сеќаваат на овие маченици и на нивната храброст да останат верни на својата вера. Празникот, кој ги симболизира младоста, љубовта и убавината, е и време за молитва и рефлексија за значењето на верата во животите на христијаните.
Извор: Курир