Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години славеше над кадетската селекција до 18 години со 34-27 во контролен натпревар одигран во рамките на подготовките.

Средбата послужи како добра проверка за двете репрезентации, со можност за воигрување на составите, проверка на формата и стекнување дополнително натпреварувачко искуство.

Двете селекции ќе имаат уште една можност за меѓусебна проверка. Новиот контролен натпревар е закажан за 6 ноември (петок), со почеток од 12:00 часот.