Тетовскиот доктор Илчо Ефкоски во фејсбук статус пишува дека зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата.
Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура. Целата свадба си ја истерале со сите салтанати.
Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека.
Директорот на тетовската болница доктор Гзим Нуредини за Канал 5 директно не го потврдува случајот, но вели свадбите се главна причина за зголемиот број на пациенти на Инфективното одделение во Тетово, од 47 хоспитализирани мнозинството се на кислородна поддршка.