Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез наводно наскоро ќе стапат во брак. Според пишувањата на светските медиуми, свадбената церемонија би требало да се одржи во сабота, 1 август, во луксузниот имот Квинта да Регалерија во Синтра, Португалија.
За венчавката на Роналдо и Георгина долго време се шпекулира, особено откако двојката, која е во врска од 2016 година, се сврши во август минатата година. Се очекува нивниот брак да биде следниот голем чекор во нивната врска, особено бидејќи наскоро ќе одбележат 10 години заеднички живот.
Иако ниту Роналдо ниту Родригез официјално не ја потврдија информацијата, во јавноста веќе се појавија детали за наводната организација на прославата и списокот на гости.
Според објавите во медиумите, Георгина не сакала свадбата да прерасне во голем медиумски спектакл, туку церемонијата да биде во поинтимна атмосфера, со присуство на семејството и најблиските пријатели.
Сепак, меѓу потенцијалните гости се споменуваат голем број познати имиња од светот на спортот и забавата, меѓу кои Родриго, Килијан Мбапе, Рио Фердинанд, Џенифер Лопез, Дрејк, Тревис Скот, Ријана, Вин Дизел и Пирс Морган.
