Владата инвестира во сеопфатна модернизација на институциите преку набавка на нови возила наменети за потребите на повеќе клучни ресори во државата. Оваа мерка ги опфаќа здравството, царината, комуналните служби, Македонска пошта, полицијата и Армијата.
Според деталите што ги објави Мицкоски, за македонското здравство се предвидени 100 нови амбулантни возила, додека царината ќе добие 26 специјализирани возила со поддршка од Европската Унија. Дополнително, набавката вклучува и 65 мултифункционални комунални возила за локалните служби.
Планот предвидува значајно обновување и на транспортните капацитети во другите јавни претпријатија и безбедносните служби, со 100 нови возила за потребите на Македонска пошта, 120 за македонската полиција и 124 возила наменети за потребите на Армијата.
„Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава“, вели Мицкоски.
