Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Еуроњуз.

– Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи.

Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“.

– Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија. Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување – се вели во пораката на иранското министерство.