Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го посети ОВР Дебар и граничниот премин „Блато“ за да се информира за безбедносната ситуација и организирањето на преминот, со посебен фокус на обезбедување мирен изборен процес.
Тошковски беше известен дека безбедноста во регионот е стабилна, а полициските екипи постигнале значителни резултати во справување со насилниот криминал, имотните деликти и сообраќајните прекршоци. Исто така, раководството на ОВР Дебар нагласи дека се преземаат активни мерки за обезбедување мирен и демократски изборен процес.
Министерот ја истакна важноста на граничниот премин „Блато“ за патниците и туристите:
„Што се однесува до Граничниот премин „Блато“ евидентиран е значително поголем број на патници од минатата и претходните години. Преминот станува вистинска мост на поврзување за граѓаните кои одат на одмор во соседна Албанија и туристите кои доаѓаат на одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг. Со тоа, нашата соработка со албанските колеги е насочена кон имплементација на системот „One Stop“, кој преку дополнителни инфраструктурни решенија ќе обезбеди трајно намалување на гужвите и поефикасен проток на патници и возила како во текот на целата година а посебно за периодите на зголемен туристички сообраќај“, истакна министерот Тошковски.
Според Тошковски, примената на современи инфраструктурни решенија ќе помогне за побрз и поефикасен проток на патници и возила, особено во периодите на зголемен туристички сообраќај, што дополнително ја зајакнува соработката со албанските колеги и ја подобрува туристичката понуда.