Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Тетово. Во инцидентот учествувале мотор и патничко возило марка „голф“.
Според информациите од терен, тешко повредени се мотоциклистот и неговиот сопатник по директниот контакт со автомобилот. Повредените веднаш биле префрлени во болница за укажување итна медицинска помош.
Полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините и сите околности под кои дошло до судирот.
