Очите на јавноста вперени кон екстрадицијата на Палевски. Откако на првоосмничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски во Турција му е одреден 40-дневен екстрадициски притвор, се отвора прашањето дали може да се очекува брза екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо.
Денеска од МВР при брифинг со новинарите рекоа дека со месеци може да трае постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција.
Претходно, претседателот Пендаровски побарал од турскиот колега Ердоган да помогне за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничениот за двојното убиство. Дали комуникацијата на највисоко државно ниво може да придонесе да се забрза постапката за испорачување на Палевски во Скопје.
Се огласија од Министерството за правда на оваа тема.
– Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира за добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, информира Министерството за правда.