Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, рече Филипче.

Тој истакна дека станува збор за две работи, а тоа е укинување на полицискиот час, како и протоколите за одржување на настани при што ќе бидат значително олеснети.