-Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години. Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките. Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром, вели Муцунски.
Тој додава дека целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината.