Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во своето обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, зборуваше за тековниот процес на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тој нагласи дека, и покрај тоа шо државата ги исполнила сите поставени барања, вклучувајќи ги и промената на името и идентитетските дебати, членството во ЕУ останува недостижно. Муцунски истакна дека Македонија ќе продолжи да се бори за своето место во Европската Унија кое земјата го заслужува, дури и по неправдите и одложувањата со кои се соочила земјата.

„Претрпевме промена на името, учествувавме во идентитетски и историски дебати, само за да ги исполниме условите што ни беа поставени. Многумина ќе тврдат дека не треба да жалиме бидејќи тоа доведе до мир и напредок, но не смееме да ја занемариме емотивната цена која нашиот народ ја плати. Чувството на предавство е силно, особено кога нашите искрени обиди за усогласување со европските стандарди беа пречекани со нови одложувања и несигурност. Сепак, ние одбиваме да се предадеме на очајот. Овие неправди нема да дозволиме да го поттикнат евроскептицизмот или да нè прикажат како жртви. Продолжуваме да се бориме за нашето заслужено место во Европа.“

Неправдите на патот кон Евопа

Во својот говор, Муцунски изрази разочарување поради одложувањата и пречките што Македонија ги искусила на патот кон ЕУ. Тој го опиша чувството на неправда и предавство, нагласувајќи дека државата ги исполнила сите барања, вклучувајќи ги и најчувствителните прашања како промена на името и идентитетски дебати.

„Како ја одржувате надежта кога гледате дека принципите на Европската Унија, како што се солидарноста и правдата, не се применуваат еднакво?“ праша Муцунски, истакнувајќи дека Македонија минала низ длабоки предизвици и лични жртви во стремежот за европска интеграција.

Емоционалната цена на интеграцијата

Муцунски ја истакна и емотивната цена која македонскиот народ ја платил за да ги исполни барањата поставени пред државата. Иако некои го прифаќаат постигнатиот напредок, тој предупреди дека не може да се игнорира чувството на предавство кое постои кај многумина.

„Пречекани ме со дополнителни одложувања и несигурност, и тоа ја зголемува разочараноста кај нашиот народ,“ додаде тој.

Продолжуваме да се бориме

И покрај неправдите и предизвиците, Муцунски порача дека Македонија нема да се предаде на евроскептицизмот. Напротив, земјата останува посветена на својата цел за влез во ЕУ.

Нема да дозволиме неправдите да го хранат евроскептицизмот. Ќе продолжиме да се бориме за нашето праведно место во Европа, нагласи Муцунски.