– Ние како што кажав мораме да направиме се за да граѓаните живеат не само поспокојно туку и деловниот свет да функционира понормално. За жал ова е влада која што во вакви кризни времиња која што немаше капацитет да ги апсорбира шоковите, немаше капацитет да нуди решенија за создавање на понормални услови за функционирање на компаниите, најавува во последните денови дури и зголемување на даноците, додаде Муцунски.
Пратеникот посочи дека владата нуди една даночна политика која што е спротивно на потребите на бизнис заедницата, која што е антипазарна. На Македонија во овие тешки времиња и се потребни даночни олеснувања, потребни се не само номинални туку и фактичко намалување на даноците. Тоа ќе им значи и на граѓаните во секојдневниот живот, но и на компаниите кои што мака мачат да сврзат крај со крај секој месец.
– Наша улога како политичари е да ги разбереме потребите и на компаниите и на граѓаните и во таа насока да дејствуваат. Апстрактните политички најави не менуваат ништо во нашиот живот, треба да бидеме конкретни и треба да настапуваме што е можно прагматично, рече тој.
Муцунски посочи дека власта ништо нема да прифати што доаѓа како предлог од опозицијата, пример со тоа беше и кога ВМРО-ДПМНЕ предложи бесплатно ПЦР тестирање на сите граѓани, а власта не прифати. Владата на СДСМ бидејќи ги гледа тесно партиските интереси нема капацитет да разбере кои се потребите на граѓаните.