По четири години застој, време е за зелен, чист и безбеден Аеродром. Време е за нова енергија, време е сите да се обединиме, бидејќи Аеродром е наш и ни припаѓа на сите нас, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Ги знаеме проблемите, од вас слушнавме што ви треба и затоа влегуваме со програма која, пред се, опфаќа изградба на 4 нови градинки, нова гимназија, реконструкција на сите основни училишта, бесплатен таблет за секое дете. Нула денари дополнителен трошок за секое дете во градинка и во основно училиште. Општина Аеродром ќе добие 3000 нови паркинг места, истакна Муцунски.

Кандидатот за градоначалник вети 100.000 метри квадратни зелена површина.

 

За зелен, чист и безбеден Аеродром.

По четири години застој, време е за зелен, чист и безбеден Аеродром. Време е за нова енергија, време е сите да се обединиме, бидејќи Аеродром е наш и ни припаѓа на сите нас.

Posted by Timco Mucunski on Monday, September 27, 2021