Зеќири се појави во судот по низата одлагања, кои се случија поради неговата нарушена здравствена состојба. Тој повторно се изјасни за невин, по што судењето продолжи со испрашување на сведокот Петко Димитров, кој е управител на компанијата за консултантски услуги „Прајс Вотерхаус Куперс“ и вешто лице на предлог на обвинителството. Сведокот Димитров, кој е бугарски државјанин, сведочеше за договорот кој компанијата со која управува го постинал со Владата, но и со компаниите „Интерфајнанс“ од Хрватска и „Интерхолдинг“ ДОО Скопје.
На 5-ти мај 2021 година преку и-мејл добивме покана да доставиме понуда по проект за асистенција на Владата за приватизација на „Железницата на Р. Македонија“. Ние како компанија немаме увид во тоа дали поканата е дел од процедура согласно Законот за јавни набавки. Но, кога ја доставивме нашата понуда, ги доставивме сите потребни документи. – рече сведокот Димитров, кој на прашање дали договорениот износ им бил исплатен од Влдата, тој одговори дека од шест фактури, една не била платена.
Сведокот посочи дека причина за склучување на трипартитниот договорот со двете компании бил склучен поради потребата за надворешни експерти кои ги обезбедила фирмата од Загреб.
Вештакот Киро Костов, сведочеше за начинот, намената и износите на плаќањата опфатени во договорите. Тој рече дека договорот меѓу владиниот генерален секретаријат и Интерхолдинг ДОО Скопје кој се однесувал за спроведувањето на работењето на македонски Пошти изнесувал 938 илјади евра со ДДВ, а договорот со „Прајс Вотерхаус Куперс“ ДООЕЛ изнесувал околу 426 илјади евра со ДДВ.
По рочиштето одбраната на Зеќири изјави дека од сведочењата се утврдило дека паричните средства за кои се товари екс генералнито секретар не соодвестуваат со тие во вештиот наод.
„ Се утрди дека паричните средства кои му се ставаат на товар на Зекири не се во таа вредност што првично беа изнесени, се далеку помалку. Денеска се утврди дека во дел од сумата е премсетан данок перосонален и ДДВ “–Александар Трајковски – Адвокат.
За следното рочиште кое е закажано за 27 април по предлог на одбраната ќе бидат повикани да сведочат поранешниот диркетор на македонски пошти Јани Макрадули, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Бочварски.