Во Скопје осамна мурал со ликот на Андреј Ѓорѓиевски од групата ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.
Идејата за муралот со ликот на Андреј и стихови од песна на ДНК е на сопственик на скопско кафуле, кое на Инстаграм профилот ги објави фотографиите.
„Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!
Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат “досаден си Дамјан дај смени…”
Кобниот ден отидов сам во кафулето да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј.
Затоа решив 3-те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.
Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени“, стои во објавата на кафулето „Шо има?“.
Извор: Женски магазин