Курбан Бајрам го обележува денот кога е довршен Куранот.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Централната церемонија за Курбан Бајрам во нашата држава се одржува во Мустафа-пашина џамија. Таа се наоѓа во главниот град Скопје во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ).
За овој празник жените принесуваат богата трпеза за гости. Обичај е најпрво да се оди во џамија на клањање. На ручек се поканети сите – и блиски и далечни роднини, пријатели, познаници.. Никој не треба да излезе гладен од куќата. Сите членови на семејството за Бајрам се собиаат кај родителите на бајрамски ручек. На овој начин се зацврстува врската меѓу семејството, пријателите и роднините.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.