Според него, истражувањата на ДУИ укажале дека главна целна група треба да бидат младите.
– Досега само една парија сме имале која биле сконцентрирани на оваа тема, но таа не успеваше да го зголеми контото на гласови. Политичките опоненти на Ахмети треба да бидат внимателни, затоа што секогаш кога сме имале некоја скепса во однос на неговите стратегии, резултатите му оделе во прилог. Што се однесува до градоначалниците Мерко и Арифи, тие ќе мораат да го слушаат својот лидер, потенцира Муслиу, додавајќи дека зелената агенда била изненадување на европските избори за ЕП, каде сите биле сконцентирани на избори на десничарските партии, а најголемото изнеадување го направиле зелените партии.