Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски изјави дека Македонија дециден е дека не треба да преговараме за идентитетски прашања. Тој вели дека мора да стави крај на праксата на билатерализација во евроинтегративниот процес. Оцени дека тоа ѝ штети не само на нашата земја, туку и на целиот регион на Западен Балкан.

„Крајно време е да престанеме да преговараме за национални и идентитетски прашања со која било држава. Тоа не е европска вредност, туку инструмент за блокада,“ порача Муцунски на прес-конференција со неговиот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ.

Муцунски посочи дека Владата има редовна комуникација со Бугарија, но вели дека и покрај иницијативите, засега нема позитивен одговор за нова билатерална средба.

„Бараме компромис кој е рационален, а не компромис по секоја цена,“ истакна министерот, додавајќи дека земјата не може вечно да биде заложник на туѓи внатрешнополитички калкулации.

Тој предупреди дека дестабилизирачки сили во регионот може да имаат негативно влијание врз цела Европа и апелираше ЕУ да го намали јазот меѓу очекувањата и реалните резултати.

„Проширувањето на ЕУ не може да биде завршено без интеграција на целиот регион,“ потенцираше Муцунски.

ИТЕН ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ: Процесот да напредува на база на критериуми

Евроспкиот Парламент според Муцунски традиционално е поддржувач на процесот на проширување, а вели дека не треба да се преговара за идентитетски прашања. Според министерот очекувањата и желбите се да бидат прифатени оние амандмани кои соодетствуваат со политичката и правна реалност.

Извор: Дојче Веле