Министерот за надворешни работи Тимчо Муцнски кој е дел од Самитот на НАТО во Анкара, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
-Самит на НАТО 2026, Анкара, Турција. На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера и денес учествувам на Самитот на НАТО во Анкара, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Главни теми на Самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.
На маргините на Самитот утрово остварив средба со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. Разговаравме за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата, напиша Муцунски на Фејсбук.
