При контролата биле санкционирани вкупно 105 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-29). Од нив 10 возачи (ТЕ-7 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возачи (ТЕ-19 и ГВ-7) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.
Oд МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.