Нашата полиција преку Интерпол ги известила сите полиции дека овие пасоши се лажни и оти со нив не може да се поминат границите.

– Формалното поништување на пасошите во МВР е во тек, велат од МВР.

И додека МВР е во постапка на поништување на овие пасоши кои дел од службите ги издавале со години, вчера петмина обвинети за оваа афера, признаа вина. Судот пресуди четири ефективни затворски казни и една условна.

На две години и три месеци беше осуден и посредникот Раиф Мифтари кој бил спрегата со службениците во МВР за да се дојде до лажен пасош. Освен овие петмина, дека ќе признае вина, најави уште една обвинета која вчера не дојде на судење поради болест. Од 11 обвинети кои биле дел од организираната шема, останаа пет лица да ја докажат војата невиност за случајот. Судењето за нив е закажано за утре.