Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра.

Како што дознаваме, акцијата била спроведена од Одделот за внатрешна контрола и Одделот за криминалистичка полиција.

Според нашите информации вработената посредувала за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници. Извршен бил претрес во службените простории кое вработената ги користела при што била пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело. Неофицијално, во нејзиниот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола.

МВР се очекува да објави повеќе детали за случајот во текот на денот.

Министерот Панче Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.