Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен загуби од грчки Ираклис со резултат 59-64 во натпревар со неизвесна завршница.
На полувремето МЗТ губеше со еден поен (39-40), а победникот се одлучи во последните минути, кога Ираклис врза два успешни напади и од 57-58 успеа да се одлепи преку Мелвин и Лекју на 57-62.
Најдобар кај грчкиот претставник беше Џејлен Лекју со 18 поени.
Кај МЗТ Скопје, Ноа Али Фаракан даде 18 поени, додека Лесли Варнер реализира 11 поени.
Во второто коло на Европа Купот на ФИБА, МЗТ Скопје пак игра на домашен терен, против естонски Тарту.
