Јавните претпријатија во Скопје ги менуваат директорите на секои неколку недели. Градоначалничката на Град Скопје нема компас, а за тоа говори и фактот дека директорите се менуваат на секои неколку недели.

Од кога дојде на позицијата градоначалник Данела Арсовска не знае на каде тера, а јавните претпријатија како: Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), ЈП Паркови и Зеленило и ЈП Улици и патишта постојано ги менуваат своите директори.

Како што утрово објави Скопје1, Арсовска го разрешила и најновиот директор на ЈП Улици и патишта, Ванчо Умлевски кој на функцијата беше нецели пет месеци.

Граѓаните на социјалните мрежи ја критикуваат Арсовска за честите промени. Граѓаните револтирани за секојдневните проблеми, а најмногу забелешки има за јавниот превоз. За период од три години, Данела Арсовска сменила над 30 директори на јавни претпријатија, но и тројца секретари.