По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.