Како што соопштуваат од владината прес-служба, согласно овој договор, Република Македонија, преку Министерството за култура, ќе учествува во оваа програма со вкупен износ од 1,14 милиони евра, распределени во седум години со што се стекнува со пристап до буџетот на Програмата Креативна Европа (2021-2027) кој изнесува 2,44 милијарди евра.

-Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизвиците со кои денес се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, а нејзини приоритети се заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разновидност и наследство, како и зајакнување на конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор, се наведува во соопштението