По Шапка најладно е во Маврови Анови -8, во Берово -7, во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Крушево -5, во Прилеп, Битола, Охрид, Струмица, Тетово и Куманово -4, во Претор, Штип и Демир Капија -3, во Гевгелија, Виница и Тополчани -2, во Скопје-Зајчев Рид и Ѓуриште -1 во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта облачноста се намали и изутринава е ведро со слаб променлив ветер. Претпладне ќе биде студено. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност поголема на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.