Полициски службеници од СВР – Куманово, вчера во 18:45 часот на Граничниот премин „Табановце“ го привеле кумановецот О.Џ. (27), бидејќи кај него бил пронајден кокаин.

– При контрола извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи кај О.Џ. бил пронајден кокаин. Исто така, при пасошка контрола тој приложил фалсификуван негативен ПЦР тест, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.