На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.