Спорната комеморација: Националистичка провокација

Десетина Бугари во Македонија се собраа на кејот на Вардар во Скопје за да ја одбележат смртта на револуционерката Мара Бунева. Сепак собирот, тајмингот и дејствијата покренуваат прашања за вистинските намери зад овој навидум неопасен настан.

И покрај тврдењата за огромен притисок врз Бугарите во Македонија, можноста за ваков собир укажува на небулозите и невистините околу тврдењата за дискриминацијата на бугарите во Македонија. Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, ја разгорува ситуацијата со изјавата „Не се гасне она што го изгаснеш тоа што не можеш да го изгаснеш“. Ова сценарио на играње жртва или подобро кажано намерен обид да се предизвикаат тензии среде и онака кревката врска, не може да донесе ништо добро.

Бугари носат транспарент Македонија на македонците на бугарски јазик на обележувањето годишнина од смртта на Мара Бунева
Контроверзниот транспарент на бугарите во Македонија

 

Ова не е прв собир со ваква националистичка агенда 

на 13 јануари, 2023,  еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија.

Знамињата со ваков симбол се најчесто употребувани од радикално десничарско движења. Руната на знамињата претставува симбол на древните бугари.

Транспарент на раздорот: „Македонија на Македонците“ на бугарски јазик

Десетина присутни носеа транспарент на кој пишуваше „Македонија на Македонците“ на бугарски јазик, потег што може да се протолкува само како националистички гест.

Оваа акција може да се гледа како провокативен гест, како одраз на тековните тензии и националистички чувства во регионот.

Бугарите во Македонија планираат да поднесат барање за споменик на Мара Бунева во Скопје, во близина на Камениот мост. Дали е ова вистински почит кон историјата или пресметан потег за дополнително поттикнување на националистичките чувства?

Џамбаски одново провоцира: Македонија била и е бугарска, Северна Македонија е заслуга на Тито

Бугарскиот европратеник и фашист Ангел Џамбаски на протест во Скопје, 2023

Мара Бунева: Манипулирање со историјата за политички агенди

Во 1927 година, по затворањето на македонските студенти од страна на српските власти, атентатот на Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ стана контроверзен чин на одмазда. Овој историски настан сега се користи за политички цели, придонесувајќи за заострување на односите меѓу Бугарите и Македонците.

Политичката цел од овој историски настан е да се прикаже Мара Бунева како бугарка, македонците како бугари кои се бореле против српската власт.

Комеморацијата на Мара Бунева од Бугарите во Македонија предизвикува загриженост за скриените националистички агенди. Она што може да изгледа како историска почит може да биде пресметан потег за искористување на трагични настани за современи политички придобивки.

Извор: Фактор