Лани биле одбиени 26,29 отсто од апликациите на македонски државјани кои побарале виза за САД. Повеќе негативни одговори од регионот добиле само државјаните на Црна Гора (34 отсто) и на Албанија (27,55 отсто). Ова се вели во официјален документ кој е објавен на веб-страницата на американскиот Стејт департмент за процентот на одбиени барања за виза во 2022 година.
Речиси 20 отсто барања за виза за САД, како што може да се види во извештајот, биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13, 47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија, 17, 93 од Косово.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал (66 отсто), Авганистан (52 отсто), Бурунди (69 отсто), Канада (58 отсто), Чад (69 отсто), Куба (56 отсто), итн.