Нема предизвици во ланецот на снабдување
Состојбата со нафтата и нафтените деривати, вклучително дизел, безоловни бензини и керозин, е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој нагласи дека во моментов државата не гледа никакви проблеми во снабдувачкиот синџир, но додаде дека постои подготвеност за реакција доколку се појави ризик.
„Во постојана комуникација сме со снабдувачите и од тој аспект не гледаме опасност за нашите граѓани и за нашите бизниси. Има доволно количини и во државните резерви, но и во цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој што ќе е функционален и оперативен. Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси. Зголемена е потрошувачката во одредени пикови на денови и до 30%, поради тоа што голем број на граѓаани од соседните земји доаѓат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и запдната граница, затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива“, изјави Мицкоски.
Цени и потрошувачка во регионот
Премиерот посочи дека во соседните земји горивата се значително поскапи, што влијае на зголемена потрошувачка во Македонија.
„Кај соседите нафтените деривати се посклапи од 0,30 до 0,70 евро по литар. Кај нашиот јужан и западен сосед цената доаѓа за дизел горивото во висина од 2,2 евра по литар, а кај нас е на 1,52- 1,53, занчи повеќе од 06,-0,7 евра по литар поевтино, и исто така на северната граница, во Србија некаде 1,80 дизелот што е од прилика 0,30 центи поевтино“, рече тој.
Керозин и државни резерви
Мицкоски додаде дека има доволни количини и на керозин, кој се извезува во неколку аеродроми во регионот.
„Во овој момент, факт број еден е, граѓаните користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега за сега не гледаме никаков предизвик кој што е поврзан со недостаток. Доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија“, истакна премиерот.
