Секаде во светот има такви кои се обидуваат да фатат кривина, но фелата реагира за да се заштити себеси. Особено кога станува збор за правосудството. Ако тие не можат да се одбранат себеси, како да очекувам да ме бранат мене?, вели Мирјана Најчевска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Кај нас се е скандалозно во врска со правосудството. Мене не ме чудат некапацитетните туку оние што имаат капацитет, но молчат.
Најчевска вели дека луѓето веќе се несреќни, нерасположени, фрустрирани и дека е прашање кога некој насилно ќе реагира.
-Во Македонија граѓаните се незаштитени, препуштени се сами на себе а тоа е добра почва за насилство. Луѓето ќе почнат правдата да ја земаат во свои раце, вели Најчевска и додава дека е неверојатно фрустрирачки што луѓето треба да се насочат да ја бараат правдата низ институциите а сите се свесни дека тие не функционираат.