Во земјава утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а повремено ќе биде засилен, особено долж Повардарието, од северен и северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12 степени во Берово, додека највисоките дневни температури ќе достигнат до 35 степени во Гевгелија и Демир Капија.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 18 степени во утринските часови до 33 степени во текот на денот.

Според прогнозата на УХМР, од утре започнува период на сончево и топло време со мала локална облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, а во следните денови се очекува да достигнат до 39 степени Целзиусови.