Тројца од мигрантите се спасени, а помеѓу жртвите е и едно бебе.
Мигрантите од Субсахарска Африка се удавија синоќа откако чамецот со кој се превезувале се преврти во близина на градот Сфакс.
Најмалку 39 мигранти минатиот месец загинаа кога два брода потонаа во близина на Сфакс. Додека во јуни минатата година, при потонување на брод на истата локација загинаа најмалку 60 мигранти.
Тунис е една од рутите на мигрантите, кои преку Средоземно Море се обидуваат да пристигнат до италијанскиот остров Лампедуза.