Најмалку 54 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите по обилните дождови кои ги опустошија крајбрежните области на југоисточната бразилска држава Сао Паоло, покажуваат новите податоци на официјални лица објавени од Ројтерс.
Обилните врнежи за време на викендот предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во крајбрежните градови во југоисточниот дел на Бразил, а бројот на жртвите објавен денес е за четири повеќе од претходно објавените податоци, дека дури 53 загинати се регистрирани во градот Сан Себастијан.
Владата на Сао Паоло во соопштение наведе дека денес се очекуваат повеќе врнежи и предупреди на нови опасности од лизгање на земјиштето и поплави, додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, а уште десетици луѓе се водат како исчезнати.