Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
Најстудено утрово во земјава е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажале -8°C, додека најтопло е во Гевгелија, со 4°C.
Каде е најстудено утрово низ Македонија:
- -5°C – Маврови Анови
- -4°C – Крушево
- -3°C – Дебар
- -2°C – Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово
- -1°C – Претор
- 0°C – Тетово, Прилеп и Виница
- 2°C – Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци
- 3°C – Скопје-Петровец и Велес
Снежна покривка во утринските часови
Во 7 часот наутро, висината на снежната покривка изнесувала:
- 30 cm – Попова Шапка
- 12 cm – Маврови Анови
Прогноза за денес
Времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, додека претпладне во централните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
- Максималните температури ќе се движат од 4°C до 10°C.
Временска прогноза за Скопје
Во главниот град наутро ќе има повеќе облаци, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 10°C.
За сите новости, каде е најстудено, а каде е најтопло следете го Радио Лидер.